Press "Enter" to skip to content

Лани исплатени субвенции за земјоделците од 2014, годинава навремена исплата

Методија Илиевски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола во врска со исплатата на субвенциите на земјоделците, прашање кое ги мачи земјоделците вели:

-Она што земјоделците го сметаат како проблем кој не би требало да биде занив, е исплатата на субвенциите.  Тие пари се потребни за опстанок, тие се нивни и ќе бидат префрлени на нивните сметки. Минатата година исплаќавме заостанати субвенции дури од 2014 година, а оваа во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка, сакам да  потенцирам дека навремената исплата на субвенции кај земјоделците ќе продолжи.

Илиевски кога дојде на местото раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола, најави и подобрување на условите за работа, а сега вели:

-Кога бев назначен за раководител на подрачната единица во Битола не требаше да помини многу време за да ги видам условите и начинот на кој се работи во подрачната па уште одма започнав со воведување на нови методи на работа. Обезбедена е уште една канцеларија која  е опремена со уште 3 компјутери, а веќе од следна недела ќе имаме плус 3. Сега е олеснат начинот на работа, од една страна го намалуваме чекањето на странките и нудиме подобра услуга. Сакам да нагласам дека во сакаме, а тоа и го бараме од министерот Љупчо Николовски отворање на нови дисперзирани канцеларии во општините Новаци и Могила. Со отворањето на овие канцеларии ќе ги намалиме гужвите кои се појавуваат во периодот за пријавување на субвенциите, а исто така нема да ги мачиме земјоделците од тие општини да дооаѓат до главната подрачна единица. 

More from ВестиMore posts in Вести »