Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: Ноќеска повредена жена-пешак, со тешки повреди заврши на Клиничка болница

На 16.01.2019 година во 00.22 часот на улица „Столарска“ во Битола, И.П. (36) од село Дедебалци, битолско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.С. (58) од Битола.

С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »