Press "Enter" to skip to content

Уживајте во книжевна авантура во студените зимски денови

Љубителите во пишаниот збор со книгата се дружат преку целата година, но сепак зимата се смета за најдобра сезона за читање. Студеното време и покусиот ден е идеално за да седнеме дома на топло и да уживаме во топлите приказни кои ги нудат книгите. Во продолжение ви нудиме неколку предлог книги од различни жанрови и за сечиј вкус, идеални за овој период од годината.

Читањето книги може да ги разубави студените зимски денови, а зимата всушност е најдобрата сезона за читање. Тоа го покажуваат и спроведените истражувања за тоа во кој период од годината најмногу се читаат книги. Повеќе од 30 отсто од луѓето кои се вљубеници во пишаниот збор, во текот на зимските месеци поминуваат повеќе време со книгите отколку во другиот период од годината. Студеното време и покусиот ден ги поттикнуваат читателите да седат дома и да се дружат со книгите.

Во овие студени денови, кога поголемиот дел од слободното време го минуваме затворени по дома, книгата е идеално средство за зимско уживање. Не постои посовршен период од годината за да седнеме под топло ќебе или пред каминот или печката, да ја одбереме омилената книга и да уживаме во книжевната авантура.

НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола ве очекува.
More from КултураMore posts in Култура »