РЕК “Битола“ ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на “Блок 3“. Планираното исклучување на постројката се прави заради отстранување на помал дефект, како и заради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.
“Блок 3“ ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК “Битола“ ќе
продолжи со континуирано производство на електрична енергија од “Блок 1“ и “Блок 2“.
Неработењето на “Блок 3“ ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.
АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.






