Press "Enter" to skip to content

Соопштение на Клиничка болница-Битола: посебен режим за влез од 1 февруари

Од 1 февруари оваа година Клиничка Болница- Битола ќе има посебен режим за влез, заради спроведува за подобар ред и работа во болницата.

Тоа значи дека:

1. Пациентите кои имаат потреба од амбулантски лекарски преглед задолжително прво да се обратат на пунктот за информации пред влезот на болницата од каде ќе бидат упатени до амбулантите.

2. Електронските  врати ќе бидат отворени само од 15-17 часот за време на посета.

3. Секој кој има потреба од секојдневно посетување на тежок болен ќе влегува со издадена пропусница.

4. Се задолжуваат студентите од Вишата медицинска школа исклучиво да го користат влезот кој е наменет за нив.

5. Сите вработени ќе влегуваат со посебно издадена пропусница.

Клиничката болница Битола  ги замолуваат сите посетители за разбирање.