Press "Enter" to skip to content

Измерени и -20 степени во Битола, од попладне услови за замрзнат дожд

Утринските температури во целата држава се под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -18 степени, а во 5 часот -20 степени. Најтопло е во Маврово -1 степен.

Утринава е значително облачно и студено, а на планините е потопло. 

За денеска, Управата за хидрометеоролошки работи најавува претежно облачно време со магла по котлините. Во југозападните делови ќе има слаб локален дожд, а во Пелагонија ќе има услови за замрзнат дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 10 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »