Press "Enter" to skip to content

Сообраќајната полиција во викендот исконтролира 828 возачи и возила, 18 исклучени поради користење на алкохол

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола, во сите полициски станици, за викендот кои измина извршиле контрола на 828 возачи и возила кои биле контролирани за носење на зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, .

При контролата кај 18 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 2 лица не користеле сигурносен појас, а 2 други возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возило. 1 возач непочитувал првенство на минување и 2 други направиле прекршок при неправилно престигнување. 8 возачи се писмено опоменати ,а за неправилно паркирање издадени се вкупно 11 мандатни платни налози.

На 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 33 прекршочни налози.

Исто така при контролата откриени се и други 30 видови останати прекршоци.

На целото подрачје на Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден има случено 5 сообраќајни незгоди од кои во една незгода едно лице се здобило со телесни повред, а во другите сообраќајни незгоди причинета е само материјална штета, соопштија од СВР Битола.