Press "Enter" to skip to content

Клиничката болница доби донација од 32 пара чизми од Марија и  Томас Русенгрен (фото)

Марија и  Томас Русенгрен од хуманитарната организација “ХЕНД ТИЛ ХЕНД“ од Шведска повторно ја посетија Клиничка Болница Битола и уште еднаш ја изразија својата хуманост кон нашите вработените.Денес, Клиничката болница доби донација од 32 пара на чизми за хтз заштита од Шведско производство. Оваа донација е наменета за вработените од техничката служба и општиот сектор при Клиничка Болница Битола, а ова е специјална нарачка, на ваков вид чизми и еден пар иам цена од  околу 350 евра.-Голема донација од нивна страна но уште поголемо задоволство на изразот на лицата на нашите вработени. Од нивно име како и од името на менаџерскиот тим на Клиничка Болница Битола, сакам уште еднаш да им изразам голема благодарност за донацијата и знам дека заедно сме посилни и знам дека заедно ќе продолжиме со добрата соработка се за успешната работа на Клиничка Болница Битола, соопшти портпаролот на Болницата, Сузана Конеска.