По двата дена продолжување на зимскиот распуст основните и средните училипта ги отворија вратите, а учениците се вратија во школските клупи.
По укинувањето на мерките на Владата заради енормното загадување на воздухот со ПМ10 честички, во четирите града во Македонија, меѓу кои и Битола, учениците продолжуваат со настава.
По ветрот и дождот намалено е загадувањето на воздухот, а бројките велат дека ПМ10 честичките утрово во Битола се третираат како ниска и средна загаденост, воздухот е доволно чист од овој тип на загадување, нема потреба од никакви превентивни мерки.






