Со свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв циклус, како и магистрираните студенти на вториот циклус студии, Правниот факултет го одбележа својот јубилеј, 10 години од основањето.
На свеченоста по повод јубилејот беа доделени благодарници на Ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“- проф. д-р Сашо Коруновски, деканите на останатите единици при Универзитетот, поранешниот декан на Правниот факултет, проф. д-р Илија Тодоровски и сегашниот декан, вон. проф. д-р Горан Илиќ.
Благодарници беа доделени и на професори од Правниот факултет за нивната работа со студентите при симулирани судења (вон. проф. д-р Никола Тунтевски, доц. д-р Мирјана Ристовска и доц. д-р Ангелина Станојоска) и на координаторката на Правната клиника, асс. м-р Ивона Шушак.
Воедно беше доделена и првата награда за есеј на студентката Невена Димовска.
Честитајќи им ги завршувањето на студиите на дипломираните студенти, деканот, вон. проф. д-р Горан Илиќ рече:
-На сите дипломирани и магистрирани студенти им посакувам успех во понатамошната кариера, и во име на Правниот факултет им се заблагодарува на сите кои се вложија од основањето на факултетот до денес.
Инаку, со иницијатива на пратеникот Александар Кирацовски од Битола, седиштето на Правниот факултет од Кичево треба да се префрли во Битола.
Правниот факултет работи при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола.

Правниот факултет го прослави својот 10 годишен јубилеј (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Одржан УКЛО тривиум 2026, најдобар оратор Марија Стојановска (фотогалерија)





