Камерниот оркестар со гостите вечерва во во преполната сала Големата сала на Центарот за култура, каде се бараше столче повеќе, го изведоа концертот “Засекогаш во срцата“.
На концертот беа изведени најубавите македонски евергрини и незаборавните песни на поп иконата – Тоше Проески, во еден концерт.
Камерниот оркестар ги придружуваше Елена Ристеска, Ѓоко Танески, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Елена Петреска, Тамара Стојковска, Бојан Стојков и Ана Гаштарова.
Влезниците за првиот концерт беа распродадени веднаш по пуштањето во продажба, а за утре е закажан уште еден концерт.
Концертот е изведен во соработка со Центарот за култура на Битола, а под покровителство на Министерството за култура.

Камерниот оркестар и гостите со концертот “Засекогаш во срцата“ ја воодушевија публиката (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)





