Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: не се јавувала по телефон, полицијата ја скрши вратата, ја пронашле мртва

На 26.01.2019 година во СВР Битола, Н.С. (35) од Битола пријавила дека се сомнева дека Ј.Т.(81) која живеела сама на улица „Партизанска“ во Битола е почината, бидејќи не се јавува на мобилен телефон и не ја отвора вратата.

По овластување на Јавен обвинител влезено е во станот при што лицето е пронајдено починато.

Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено за обдукција.