СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(50) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против Т.Р.(29) од Битола за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.К.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба”. На 27.05.2016 година првопријавениот, изработил лажен договор за купопродажба на патничко возило „Рено Меган” помеѓу И.С., како продавач и Д.А. како купувач, по што го употребил ваквиот договор во постапка идентификација на наведеното возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Третопријавениот, вработен во „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, и покрај тоа што во доставената документација имало очигледно несовпаѓање на податоците за увозникот и подносителот на барањето за постапка за идентификација на наведеното возило, издал согласност за регистрација на наведеното возило. По ова, второпријавенииот, ја приложил ваквата документација во МВР – ОУР Битола, при поднесување на барање за регистрација на наведеното возило.
На 27.01.2019 година во 03.30 часот во СВР Битола, М.Т. (61) од Битола пријавил дека околу 00.30 часот во кабаре на градско шеталиште во Битола И.М., К.М., П.Ј. и уште едно лице, кои биле гости во кабарето, непристојно се однесувале и започнале да го кршат инвентарот и да му упатуваат закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27.01.2019 година околу 22.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Могила, битолско, две непознати лица извршиле разбојништво во спортска обложувалница и одзеле пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.






