Во Скопје и Битола, по седми пат во Македонија, викендов се одржа маратонско 48 часовно создавање видео игри. Мотивирани учесници беа дел од најголемиот светски настан за креирање игри – “Global game jam Mecedonia 2019“- “Глобал Гејм Џем“.
-Оваа година во Битола се натпреваруваа 40 натпреварувачи, во 7 тима, и 50-тина посетители кои се дружеа со натпреварувачите повремено.
Во Битола имаше гласање само од публика и натпреварувачите, а победник на победник на маратонско создавање видео игри е тимот “Нема Име“ (Unity) кој освои 61 глас.
Второпласиран е тимот “Дроновите на Апасиев“ (RPGMaker) со 36 гласа, третопласиран тимот “Space Bananas 2“ (Scratch) со 34 гласа. Четврто пласиран е тимот „GameLab“ (Construct) 27 гласа, а петтопласирани се тимовите “Вегани“ (Unreal) и “Протестанти!“ (Unity) со 20 гласа. Шестопласиран е тимот “RN(D)2“ (Unity) со 14 гласа.
-Имавме добра мешавина на технологии што се користеа, имавме игра за која треба Guitar Hero контролер за да се игра, имавме доста изведби на неофицијалната химна на Гејмџем во Битола – Жаклина од Цане Николовски, истакнуваат од организацијата на битолскиот “Глобал Гејм Џем“.






