Со свечен концерт на хорот на СЗ ”Триглав” од Битола, кој се одржа во ОМУ “Методи Патче“ е одбележан словенечкиот културен празник “Прешернов ден“ во Охрид.
Хорот “Триглав“ концертот го одржа под уметничко раководство на проф. Марина Коруновска и во пијано придружба на м-р Александра Јанковска.
На концертот се обрати и амбасадорот на Репубика Словенија, Н.Е. Милан Јазбец, како и претседателката на СЗ “Триглав” Тања Франц.
Хорот е формиран во 2010 година и покрај редовните настапи во државава и во Словенија настапувал и во Србија, а посебно забележителен е концертот во Виена минатата година.
Оваа година се подготвуваат за два концерти во Хрватска и Словенија, а сите настапи се остварени со поддршка на канцеларијата на Владата на Словенија за Словенците во соседството и по светот.

Битолскиот хор “Триглав“ настапи на “Прешернов ден“ во Охрид (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)
- Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола





