Од неодамна, нов директор на Камерна опера е проф. Марина Коруновска, која функцијата ја презема од основачот, Академик Георги Здравев.
Во Камерна опера членуваат познати уметници, професори и ентузијасти кои се вложиле за развојот на културниот живот во Битола и оставиле незаборавни концерти и настани во поблиското и подалечното минато.
Многубројните нови членови ветуваат засилена активност и поддршка, заради потребата од камерната музика, камерната опера, драма со музика, детска опера и оперета, и други класични форми во кои се обликува камерната музика воопшто а како таква нуди многу можности.
Главна цел е задржување на младите уметници во нашиот град и збогатување на културниот живот на битолчани.
Во чест на 60 години од првата изведба на опера во Битола, ќе се изведе музичко-сценската драма “Надеж“, која премиерно ќе биде изведена на 11 април во Завод и музеј – Битола.






