Камерна опера – Битола, во салата за НУ Завод и Музеј вечерва беше изведена камерната опера премиерно беше изведена музичко-сценската драма “Надеж“.
Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро и сите ликови живеат во свое време. Посебен акцент се дава на мајката која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата.
Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Мајката како сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка.
Во музичко-сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети…
Автор е Маја Митровска, режијата е на Васко Мавровски, а сценографијата на Владо Ѓорески.
Музиката е од Македонски композитори, а учествуваа Јулијана Мирчевска – актер, Марина Коруновска – мецо сопран, Маја Митровска – сопран и Александра Јанковска – пијано.
Во музичко-сценската драма “Надеж“ беа вклучени и деца од театарска школа “Бабец” и Детски хор “Ѕвончиња”, а менаџер на продукцијата е Ирена Ружин.

Изведена музичко-сценската драма “Надеж” (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026





