Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: самоповредување кај тинејџери, предизвик на on-line игри или припаѓање на т.н “ЕМО“ групи

Тинејџери од основните училишта жртва на сајбернасилство и  интернет насилници и предатори од сомнителни сајтови  кои им нудат приклучување кон групи  со мистериозни имиња. Тие  и  им поставуваат низа на предизвици „задачи“ меѓу кои и самоповредување  како чин за припадност кон групата. Ова покрена многу прашања кои ги засегаат повеќе сектори меѓу кои МВР, Училиштата со   стручните служби- психолози, педагози, наставници, Центар за социјална работа.

Пријавени се случаи  на ученици кои  добивале пораки за приклучување, но и закани. Пријавени се и два случаи на самоповредување кај тинејџери, Покрај тинејџери  кон овие сомнителни групи се приклучувале и  ученици од помала возраст  11,12 години односно VI,VII одделение низ основните училишта во Битола.

 Секако ова би требало да е алармантно и да покрене прашања за негативните последидици на социјалните мрежи и за причините за самоповредување како чин кој го прифатиле.

Се поставува прашањето: дали заради предизвиците на on-line  групите, или да се припаѓа на т.н “ЕМО“ субкултура  има случаи на самоповредување кај ученици?

Самоповредувањето како ритуал е често  застапен  кај т.н.„ЕМО “  тинејџери и чинот на  самоповредување   е дел од припаѓањето кон групата чии членови се во посебна емоционална состојба оттука и името “ЕМО“ (Emotional). Овие групи  како посебна субкултура со свои специфични „следбеници“ кои имаат специфичен имиџ и се  еден вид мода и знак на бунтовност во период на тинејџерски години. Членовите на овие групи покрај специфична фризура, стил на облекување, пирсови на делови од телото, музика која ја слушаат во  емоционална состојба на тага и депресивност – се самоповредуваат.

Во секој случај мора да се делува едукативно за оваа појава и  да се бараат  кои се причините ?

 Самоповредувањето може да е  резултат на прифаќање на предизвик кој се поставува во  он лине групи каде    деструктивни личности (сајбернасилници)    им задаваат  задачи или предизвици, кои им ги налагаат или на компјутер или преку телефон . Сето тоа обично се случува во некои доцни сати во ноќта кога расудувањето е намалено и  може да се делува на некоја личност која веќе се вмрежила во тој виртуелен свет на возбуда и себедокажување Задавањето на предизвик е  најчесто проследен и со закани што се надоврзува на  сајбер насилстсво  кое се шири со поттикнување на агресивност кон себе САМОПОВРЕДУВАЊЕ или кон други личности или животни. Пријавени се  случаи кои се вклучиле во вакви игри   со добивање  порака и задавање предизвици на засекување со остар предмет (жилет или нож) на раката. Таква слики потоа жртвата треба да ја   поститра како “доказ „дека предизвикот е прифатен . Тие слики потоа се шират на социјалните мрежи и  предизвикуваат страв. Во овие дестуктивни  „игри“ се задаваат  и други предизвици кои жртвата мора да ги исполни за да стане член. Се случува овие групи да закажуваат состаноци во живо на одредени места  каде вршат сатански ритуали.

 Некои од тинејџерите  кои добиваат таква порака се вклучуваат заради разни причини, но најчесто: осаменост, несигурност, повлекување, недостаток на самодоверба и храброст, и тоа се  личности на кои им недостига љубов и разбирање.  Со  приклучувањето кон групата  тие всушност бараат  дружење, поддршка, разбирање, љубов  кое им недостига во реалниот живот, а  и се помалку го има меѓу тинејџерите. 

 Што претставува  самоповредување  ?

Самоповредување е кога некој намерно си нанесува повреди. Оние што се склони да се самоповредуваат си нанесуваат болка така што си ја горат кожата, си ја кубат косата, си прават модринки, се гребат, се сечат со некој остар предмет или се повредуваат на некој друг начин.  сакаат да се ослободат од емоционалната болка со зборовите: „Тоа ми носеше големо олеснување.“

Тамара: Тоа ми беше излез од проблемите. Полесно ми беше да ја издржам физичката болка отколку емоционалната.

Кери: Не можев да поднесам да бидам тажна. Тоа што се сечев, ми помагаше да не мислам на тагата.

Џерин: Секогаш кога ќе се сечев, престанував да размислувам за тоа што се случува околу мене и така бегав од реалноста. Тогаш ми беше многу полесно.

Самоповредувањето обично се повторува на периоди и обично оние кои се самоповредуваат немаат намера да се самоубијат, но може да дојде до тоа во зависност од повредите кои си ги нанесуваат колку длабоки се раните и.т.н.. затоа ако родител забележи дека детето се самоповредува мора да се обрати за стручна помош, бидејќи ако се јавило еднаш нема така да престане.

Причини за самоповредување –

Чувствителен период во развојот-  пубертет кога се бара  сопствениот идентитет, се анализира надворешниот  изглед кој е императив за нив во таа возраст.  Тоа произлегува и со комуникацијата на социјалните мрежи и ФБ каде изгледот е значаен со постирање на фотки (обично незадоволството од сопствениот надворешен  изглед ако не одговара на   одредени критериумите како да се изгледа убав/а, слаб/дебел.

-Себедокажување со самоповредувањето и прикажување на т.н. храброст која им недостига во реалниот живот.

   -Привлекување на внимание во околината и најчесто на родителите, за кои сметаат дека не им обрнуваат внимание ( немаат време), не ги разбираат,„сакаат“ и сл.

  • Психичката болка ја заменуваат со физичка
  • Вовлекување во групи кои се сомнителни , а им изгледаат интересни меѓу нив и „ЕМО“ –(emotional )

-Чувството дека никој не ги разбира овој период

-Бунтовност.

-Љубопитност

-Самоповредување заради исполнување предизвик на социјални мрежи во групата.

 Кои се причините  тинејџерите да се приклучуваат во вакви сомнителни групи кои им задаваат предиазвици од кои  и да се самоповредуваат  или нанесуваат   болка кон себе?

 – Комуникација на социјални мрежи и виртуелни пријатели  често компензација за помалото дружење со врсниците.

Осаменост, Што е помала социјализираноста и недостатокот на дружење  се  надокнадува со поминување долго време на социјални мрежи и онлине интеракција со други личности и влегување во сомнителни групи каде се комуницира на еден поинаков начин за жртвата претставува еден вид на прифаќање ( Со прифаќање на предизвикот значи дека припаѓате на некоја група па макар и тој начин,  Да се избегне осаменоста)

-Друга причина може да е и возбуда која ја бараат тинејџерите во тој период, а не ја добиваат во секојдневниот живот.

Совети за родителите

  • Родителите не смеат заради разни дневни обврски да ги запостават своите деца  
  • Постојана контрола на нивниот пристап до Интернет  содржините и времето кое се поминува  особено тинјџерите кои се  осетливи и поводливи и мета на разни влијаниа преку социјалните мрежи интернет, секако и  на “јутјуберите“. 
  • Постојат низа на сајтови со проблематични и опасни  содржини кои се лесно достапни зтинејџерите, а родителите кои и не се компјутерски образовани тешко дека ќе можат да ги контролираат. И кога се појават случаи кои подлегнале на ова тогаш се зборува само за последиците, а не и за причините

 Тинејџерите да се воспитауваат на универзални вредности и позитивно родителство како начин на воспитување

отворен разговор и вистинска комуникација која во тој специфичен период мора да биде: без наредби кои се карактеристики на  позитивното  родителство како стил и  начин на воспитување.

– Почитување на  мислење од  тинејџерот. Најдобро е   кога се донесуваат некои одлуки во семејството кога и тој може да се вклучи,  да се почитува и слуша неговото мислење за одередени теми.

– Детето треба да се поттикнува да оди на спорт и различни уметнички активности.

Препораки: најважно е да се направи прв исправен чекор веќе во предшколскиа возраст Заради тоа потребно е уште на помала возраст да се поттикнуваат   децата на дружење со врсниците и семејството

Што повеќе детето доживува успех, возбуда и задоволство во реалниот живот тогаш помалку ќе го  компензира ова на Интернет и социјалните мрежи.