Многу идеи кои биле само иницијатива останале само на тоа да бидат идеја, или пак пропаднале само по првиот состанок, чест на исклучоците. За една таква идеја која е запишана, во како вели, Димче Миновски, во неговите новинарски белешки, тој ќе се присети.
-Од наши колеги новинари, точно пред десет години, беше пласирана идеја битолски бизнисмени да вложат во дел од музејските поставки кои ги има Заводот и музеј во своите простории. Иако не бев директно вклучен во идејата, сепак дадов поддршка и бев на промоцијата на истата. Но, за жал, ако не е така нека ме исправат, од таа идеја која тогаш беше одлична, не се сеќавам дека имаше некаква реализација, а и не гледам низ музејот да има некоја табла во знак на некоја компанија дека имала своја донација во некоја поставка, се сеќава Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Тој додава дека тогаш, идејата била одлично промовирана со присутво на битолчани, бизнисмени, невладини организаци, кои ја поддржале истата и имало најави дека ќе се најдат начини таа да заживее, а била организирана и културно уметничка програма.
Миновски и сега вели дека таа идеја е секогаш интересна и добредојдена, а не е лошо таа повторно да се промовира.






