-Во ова време во 2016 година кога битолчани спасот од горештините во Битола го бараат на Пелистер, под сенките на моликовите дрвја, имаа можност да бидат живи сведоци на нешто што никој битолчанец не го посакуваше и помислуваше ниту на сон. А, тоа беше пропастот на најомиленото Детско одморалиште “Пелистер“ од Битола место кое можеби го имаше посетено секој битолчанец, каде царуваше веселата атмосфера на децата, започна со сеќавањето Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
По четвртата неуспешна продажба на Детското одморалиште “Пелистер“ и по неколку неуспешни обиди да се “врати во живот“ на Детското му ги ставија катанците со ставањето на Одморалиштето во стечај врабоените се “префрлија“ во Агенцијата за вработување.
Во јуни 2016 година објектот беше целосно затворен и напуштен и за него никој не се грижеше, а да не беше во тој период стражарската служба на Националниот парк “Пелистер“ крадците веднаш ќе го опљачкаа Детското одморалиште “Пелистер“.
Одморалиштето во кое до 2015 година се слушаше детскиот џагор на илјадници деца од сите градови во државата, во 2016 и до сега 2026 година, посетителите ги пречекува со мртва тишина и само тишина.
Во Детското одморалиште сега во 2026 година останаа само сеќавањата, не само кај децата, туку и кај возрасните кои како деца имаа можност некогаш да летуваат, или зимуваат во ова прекрасно одморалиште.
Инаку, да потсетиме тогаш, во 2015 година, Детското од моралиште беше понудено на продажба за износ од 48.646.684,50 денари, или нешто повеќе од 800 илјади евра но никоје не се јави на јавната продажба.
Детското одморалиште “Пелистер“ беше изградено со средства на граѓаните на Битола и за него се испишани многу детски приказни.
Сега тоа е само историја, а каква ќе биде судбината на објектите, хотелот, павилјоните, “вешерајот“, диското, фонтаните, чешмите, спортските терени, детскиот ски-лифт, магацините…, сега никој не знае.
А, како беше состојбата на Детското одморалиште во 2016 година можеме да видиме од фотографиите тогаш снимени.











