-Со полагање букети свежи цвеќиња пред бистите на адвокатите, Коле Канински и Јосиф
Христовски -Звончарот, пред судот во Битола битолските адвокати го одбележаа, 16 јуни, денот на битолската и македонската адвокатура, една убава традиција на адвокатите од Битола, во знак на сеќавања на нивните претходници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Токму на 16 јуни 1945 година во Битола беше покрената иницијатива за основање на Адвокатската комора на Македонија. Иницијативата за формирање на Адвокатската комора ја дал д-р Павел Шатев, инаку прв министер за правосудство на Македонија. Токму затоа 16 јуни се празнува како ден на битолската и македонска та адвокатура.
Значаен придонес во форми рањето на битолската адвокатура и Адвокатската комора дале тогаш адвокатските приправници Коле Канински и Јосиф Христовски – Звончарот. Во знак на почит на нивното дело адвокатите на Битола по положувањето букети свежи цвеќиња пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски Звончарот, свежо цвеќе положија и на гробот на д-р Павел Шатев, во Светонеделските гробишта.
Бистите на адвокатските приправници се подарени на Битола од Адвокатската комора на
Македонија во 1981 г., кога се поставија и бисти на повеќе учесници во НОБ кои биле анга
жирани во адвокатурата.

Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)










