Press "Enter" to skip to content

“Којоти на полна месечина“ документарец за ФК Јени Маале (фотогалерија)

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 10 години од формирањето на фудбалскиот клуб Јени Маале беше промовиран документарниот филм, за тоа како се развиваше клубот, со наслов “Којоти на полна месечина“.Малата сала на Центарот за култура беше целосно исполнета на промоцијата на документарниот филм “Којоти на полна месечина“, кој управата на клубот и фудбалерите ги изработија по повод 10 години од формирањето на ФК Јени Маале.На промоцијата на која имаше голем број на гости, зборуваше капитенот на ФК Јени Маале, Никола Пискачев, кој за целта на снимањето на филмот рече:-Сакаме да промовираме млади луѓе кои сакаат, и треба, да се занимаваат со спорт, затоа што знаеме новото време што се ни носи. Се надеваме дека и другите маала од Битола исто така ќе формираат клубови со тоа што би го развиле спортот и културата во градот, а ние со нов преку здраво ривалство би се дружеле и соработувале, а децата би стекнале голем број на пријателства од разни делови на градот. Имаме иницијатива за градска лига, прво во мал фудбал, а потоа и во голем. Доста е фејсбуци, доста се телефони и интернет, малку да се префрлиме на спорт.

За за тоа што значи ова за ФК Јени Маале додаде:-Ова значи премногу за нашиот клуб, ние можеби сме единствените кои направиле ваков документарен филм за постоењето на еден клуб кој се натпреварува во општинска лига, а ретки се и прволигашите кои имаат ваков филм направено.Претседателот на клубот, Благојче Делев, за тоа како се одбележува јубилејот рече:-Цела оваа година ја прогласивме јубилејна, а веќе најголем дел со промоцијата ги завршимве сите активности. Имавме меморијален турнир “Јоше Џентиле“, одржавме крводарителска акција, денес промоција на документарниот филм, а официјално завршуваме в сабота, кога ќе имаме мала прослава и доделување на награди и благодарници.Оваа година за клубот беше значајна, а покрај јубилејот го имаа и најголемиот спортски успех, освојување на првото место во општинската “Б“ лига и пласман во “А“ лигата, што беше посебно потенцирано на промоцијата на филмот.Посебни признанија на промоцијата добија поранешниот фудбалер и капитен на Пелистер и Црвена Звезда, Митко Стојковски кој потекнува од Јени Маале и како што рече првите фудбалски чекори ги направил на ширината “Кајнак“ токму во Јени Маале. Стојковски како беше речено е и еден од оние кои помогнале на клубот секогаш кога било неопходно.Како и Стојковски, дрес од Јени Маале, доби и еден од спонзорите на клубот Александар Пановски, кој рече дека ќе се направат напори и наредната сезона да се повтори успехот од оваа сезона, а зошто да и клубот да помине уште еден ранг повисоко.Свое заслужено место во филмот има и спонзорот на ФК Јени Маале, поранешниот капитен на клубот Ѓорѓи Лукач, односно неговата компанија од “Лукач“ од Мелбурн, Австралија.Сите фудбалери во филмот се претставени на оригинален начин, со битолски и јенималски акцент, а впечатливи се и текстовите кои се читаат во филмот, а кај присутните измамија и многу емоции, невообичаено за една промоција.На промоцијата покрај фудбалерите и управата на клубот беше присутен и претседателот на ОФС Битола, фудбалерот Тони Мицевски, помагатели на клубот и други гости.

Текст и фото: С. Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.