Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)

-Во Битола во 2016 година се одржа прослава по повод 20 години од формирањето на Аикидо федерацијата на Македонија – реален аикидо, на која во присуство на бројни
гости од Македонија и странство беа промовирани една книга и ДВД за реален аикидо и една книга и ДВД за џудо од авторот Ѓуро Илиќ, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Центарот за боречки спортови Пелистер од Битола со промоција на книги за боречките спортови го продолжи конти нуитетот во издаваштвото во оваа област. На свеченоста прославија 40 години од издаваштвото во боречките спортови иголем јубилеј на Аикидо федерацијата на Македонија.Воедно, ова беше одбележување и на 40 години тренерска работа на Илиќ, почнувајќи од џудо клубот Пелистер, па аикидо, реално аикидо и сега и бразилско џиу-џица и традиционална џиу-џуца, а сето тоа е вклопено во Будо центарот Пелистер и на издавачката дејност, поради тоа е направен римејк на видео касетата во ДВД носач “Џудо спорт, самоодбрана, рекреација“, издадена 1989 година по повод 20 години од постоењето на ДЗК Пелистер, а е снимана во Претор.Во книгата за џудо сесодржани техниките и практиките за полагање на појаси, поткрепена со околу 300 фотографии. Се објаснуваат техниките за полагање од почетнички појас, па до мајсторски 5-ти дан.По овој повод беа доделнипризнанија и благодарници за развојот и придонесот на овој спорт на поединци и клубови, а посебно признание доби Ѓуро Илиќ.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »