Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Ристо Димитров – Чурино синоќа победи со прекин во прва рунда во ММА (фото)

Битолчанецот Ристо Димитров Чурино со прекин во првата рунда го победи Михајло Рајиќ од Србија, и со тоа по две години пауза триумфално се враќа на прпфи-борбите во ММА.

По победата синоќа во Нашице, Ристо Димитров – Чурино веќе е на пат за Будимпешта од каде со директен лет се враќа во Оман, каде живее  и работи.-Очекував тешка борба, но ја среќа ја добив во прват рунда со прекин, по акција која е наречена “полуга на рака“ – “армбар“, или на напонски “Juli Gatame“. Противникот не беше ни малку наивен, но ете со една одлично подтотвена и изведена акција, ја добив борбата и со победа се враќам на рингот, ни рече во комуникација на социланите мрежи, Ристо, додека се возеше кон Будимпешта.

-Организаторот е задоволен од тоа како поминаа борбите, а во салата во Нашице имаше 12 борби со 24 борци, а мојата борба беше оставена како финална. На рингот се појавија силни борци како Шумиќ, Кокора, Јаман и други, додаде Чурино.

По пристигнувањето на Чурино во Оман, како ни рече ќе има пауза и ќе намали со интензитетот, а ако му потврдат дека следна борба ќе има во сепрември, за што веќе преговара, ќе се врати на подготовките кои ќе бидат напорни како и за овој натпревар.-Кога ќе имаш победа со прекин во прва рунда, рејтингот расти и противниците веќе поинаку те гледаат, а секако ќе бидат поквалитетни, па затоа ќе вложам многу труд и работа за наредната борба, ни рече на крајот од разговорот, Ристо Димитров-Чурино.

Што се однесува пак до враќањето во Битола, Чурино вели дека поради многуте обвсрки кон борците кои тој ги тренирав во Оман, поради неколку натпревари кои ќе ги има, како вели за “своја душа“ на кои учествува, не знае кога точно ќе биде тоа, но е благодарен на поддршката која му ја даваат другарите, пријателите и сите битолчани.

С.Ристевски

Mission News Theme by Compete Themes.