Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар

Вардар – Еурофарм Пелистер 34:19 (18:12)

Ракометарите на Вардар 1961 се вратија на тронот во мак-ракометот на три кола пред крајот на плеј-офот во Суперлигата. “Вардрци“  го прегазија Еурофарм Пелистер со 34:19, полувреме 18:12 и со овие бодови и математички ја обезбедија титулата.

Вечното ракометно дерби не се случи, а имаше неизвесност само на стартот, а “вардарци“ убедливо го водеа натпреварот, со зголемување на водството и сигурен од кон титулата. “Вардарци“ имаа на старот 3:1, а Пелистер додје на 3:3. Вардар врза три гола за 6:3, а Пелистер се врати на 7:6. Пелистер парираше до 9:8, а вардар со серија од гола дојде до 14:9. Во 28 минута беамаксимални 17:11, а со 18:12 се замина на полувремето.

Во вториот дел Пелистерци беше без гол од 29 до 40 минута на средбата, а Вардар со серија од 5:0 за 22:11. “Пелистерци“ речиси дваесет минути беа со само два погодоци во вториот дел, а потоа реализираа три акции едно по друго, а Вардар стекна недостижна предност. 

Најдобар стрелци кај Еурофарм Пелистер беа Радивојевиќ и Кузмановски дадоа по пет гола, а Никола Митревски забележа осум одбрани.