Press "Enter" to skip to content

“Руска црква“ го одбележа упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој богослужел во оваа црква (фотогалерија)

-Денес, 2 јули, храмот “Св. Троица“ посветен на светото тројство, Отецот, Синот и Светиот дух“ кај битолчани попознат како “Руска црква“ го слави и одбележува денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.

-Утрово во негова чест во црквата се одржа богослужба, се свети вода, се “крена лепче“ и се подели храна.Голем број битолчани, верници, оние кои редовно доаѓаат во “Руската црква“ и и голем број намерници имаше денес на богослужбата која ја предводеше отец Никола Грамбозов, со други свештеници. Богослужбата започна рано, а потоа се одржа света приќесна, се свети вода, се “крена лепче“ за здравје и се подели храна.Дека во храмот има домаќинка се гледа уште на влегувањето во дворот кој е украсен со многу цвеќиња, а вредните раце на домаќинката Вера Зајакова и нејзините пријателки храмот го одржуваат како свој дом со беспрекорна чистота, а скромната Вера не сака многу да зборува за себе, туку едноставно ни вели кажете за светецот и храмот, за за него со должна почит веерниците велат:-Денес го славиме упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој до 1932 година богослужев во овој храм, кој битолчани го знаат како Руска црква. Св. Јован бил професор по богословија и бил пратен тука во Битола и бил голем молитвеник и испосник. Потоа откако заминал од Битола бил испратен во Кина, Шангај, а оттаму во Европа за да се упокои во Америка, каде вчера и денес се одржуваат големи прослави, велат верниците кои се поклонуваат и ја целиваат одеждата на Св. Јован која се наоѓа во храмот и се чува како реликвија, а пред неа секогаш има свежо свеќе и фотографија од светецот.Инаку, додава Вера дека полека се средува храмот со донации од верниците, а со помош на Митропилијата беше поставен и новиот олтар, беше изградена настрешницата во влезот на црквата, нивелиран подот и поствени нови подни плочки.Во Руска црква за неа можат да се слушнат само пофални зборови и тоа дека таа е најзаслужна за сегашната состојба на храмот и дека од неа е иницијативата за славење на Св. Јован Шангајски, шеста година по ред.А, куми покрај Вера која е дел од црквата и прва кума, на денешното одбележување беа  битолчанки, Оливера, Билјана, Аца, Виолета и Евгенија Жана кои ја поделија храната со која ги послужија повеќето од сто верници кои беа на службата и ручекот во Руската црква.-Ова е голема чест за мене да бидам една од кумите во храмот на одбележувањето на денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски, а се помолив за здравје на моето семејство и на сите битолчани, вели Оливера Симоновска, една од кумите, која и се погрижи за подготовката на храната во ресторанот “Гламур“.Инаку, карактеристично за смртта на Св. Јован Шангајски е тоа што се упокоил откако отслужил богослужба на денешен ден, 2 јули, 1966 година во Сиетл, Соединети американски држави каде се и неговите мошти, а дел од петата кој отпаднал се наоѓа во манатирот “Св. Јован Бигорски“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »