-Попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски“ екипата на Еурофарм Работник ги започна подготовките за новата сезона, историска за нив, на домашната сцена, во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
-Тренерот, Стевче Алушевски, прозиваше, го одржаа првиот и тренинг, а од утре се селат во Маврово.
Тренерот Стевче Алушовски и стручниот штаб, заедно со дел од Упрвата, денес ја започнаа новата сезона, а на првата прозивка се јавија 24 ракометари на кои тој смета. Подготовките на Еурофарм Работник, Алушевски ги подели на неколку дена, а од утре стартува првата фава, во Маврово, каде ќе започнат базичните подготовки и ќе се обиде да изгради хемија кај екипата, односно, ќе имаат тим-билдинг.
На првиот тренинг присутни беа 24 ракометари, меѓу нив сите седум новајлии: Митревски, Маџовски, Велковски, Вегар, Шевелев, Јотиќ и Ратајац, а најверојатно ќе уште едно засилување до почетокот на официјалните натпревари.
-На прозивката има 24 ракометари, а верувам дека позитивно ќе се реши “случајот Танкоски“ и наскоро и тој ќе ни се приклучи. Не очекува напорна сезона и затоа се одлучивме за долг ростер и искусни ракометари. Иако сме дебитанти, во тимот имаме ракометари кои играле во Лигата на шампионите и затоа сметам дека нема да платиме преголема цена на тоа што првпат играме во СЕХА и Лигата на шампионите. Ги знаеме противниците во двете натпреварувања, верувам дека скапо ќе ја продадеме кожата и ќе издвојуваме неколку победи во двете натпреварувања. До 15 декември ни следат наближени натпревари и верувам дека ќе одговориме на тоа што се бара од нас, ни рече Алушовски, кој се осврна и на идната сезона и предизвиците кој ги очекуваат него и неговата екипа.
По прозивката започна и првиот тренинг со “неколку круга“ трчање и загравањето кое го водеше десното крило Џукиќ.
Алушевски го потврди учеството на турнирите во Струга и Добој, а Еурофарм Работник првиот тескт ќе го има на 3 септември кога статрува во СЕХА лигата, а на 15 септември против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
Oд утре експедицијата на Еурофарм Работник се сели во Маврово на првата фаза од подготовките.
Текст и фото: С.Ристевски






