Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со известување на режим на сообраќај за Илинденските празници

Ве известуваме дека по повод националниот празник „Илинден“, а со цел обезбедување на безбедено и нормално одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај: на регионалниот пат Р-1306, патен правец: Прилеп – Крушево – Демир Хисар, на подрачјето на градот Крушево и на потегот од мв Порта кон Мечкин камен, од страна СВР Битола, во деновите 1-ви и 2-ри Август ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, и тоа:

– на ден 01.08.2019 година, во временскиот период од 16,00 до 24,00 часот во градот Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај,

– на ден 02.08.2019 година, во временскиот период од 05,00 до 17,00 часот часот, сообраќајот во градот Крушево ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со пренасочување, ограничување и забрана за сообраќај, – заради обезбедување на безбеден и проточен сообраќај на потегот од мв Порта до Мечкин камен, моторните возила со кои се врши групен и организиран превоз на патници на ден 02.08.2019 година, е потребно да пристигнат до 10.30 часот на паркингот предвиден за нивно паркирање на мв Црн врв. Слегувањето на патниците од автобусите да биде на местото каде ќе биде паркирано превозното средство,

– ќе се воведи забрана и ограничување за движење на трактори, земјоделски машини, запрежни коли и тешки товарни возила на регионалниот пат 1306: делница: Прилеп – Крушево – Демир Хисар, и тоа: на ден 01.08.2019 година, во времето од 16.00 до 24.00 часот, и на ден 02.08.2019 година, во времето од 05.00 до 17.00 часот.

Портпарол на СВР Битола, Сања Стаматова

More from ВестиMore posts in Вести »