Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 46 годишен битолчанец загина во сообраќајка кај Тополчани

Околу 12:40 часот на магистралниот пат, Прилеп – Битола, кај селото Тополчани, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, “опел астра“ и “цитроен берлинго“, управувано од 46 годишно лице од Битола.

Според информациите од битолската полиција во незгодата починал возачот, а повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Битола и според првичните информации нтие не се во животна опасност.

Возачот на “цитроен берлинго“, кој загина на самото место е 46 годишниот битолчанец, со иницијали З.С.