Press "Enter" to skip to content

Подгорица победник на првиот “Феникс куп“ за млади ракометарки (фотогалерија)

Подгорица – Крајова 22:18 Во спорстската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, со финалниот натпревар меѓу Подгорица и Крајова, заврши првиот меѓународен „Феникс Куп“ за млади девојки во Битола. Победник на овој прв турнир од ваков вид е екипата на Подгорица од Црна Гора која во финалето ја победи романска Крајова со 22:18, а црногорските ракометарки заслужено го подигнаа победничкиот пехар и на крај се радуваа.Од индивидуалните награди за најдобар стрелец беше прогласена ракометарката на Феникс АМС, Емилијана Ризоска (31 гол), додека домашната екипа ја даде и најдобрата голманка – Драгана Маркоска (52 одбрани).Според најавите на организаторот на „Феникс Купот“, овој турнир ќе стане традиционален, а ќе биде едно од најсилните натпреварувања за млади категории во нашата историја. Спортската сала „Боро Чурлевски“ четири дена беше домаќин на три домашни и пет интернационали екипи, кои покрај големата дружба, одиграа квалитетни натпревари.

More from СпортMore posts in Спорт »