Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со генералка против Охрид, пред Спартак Москва (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Охрид 30:23 (19:8)

Вечерва ракометарите на Еурофарм Работник го одиграа последниот контролен натпревар пред стартот на новата ракометна сезона, пред првото коло од СЕХА лигата, кое започнува на 4 септември.Еурофарм Работник ја совладаа екипата на суперлигашот Охрид со 30:23, полувреме 19:8, а играа со силно темпо уште од стартот на натпреварот, кога поведоа со 10:4. Разликата со головите на Стјепановиќ, Чурлевски и Петровски се зголемуваше како одминуваше времето за на полувреме да биде 19:8.Второто полувреме Алушевски го започна со изменет состав од стартниот со  Ивановски на голот, Ѓукиќ, Кузманоски. Охрид стигна до -6, но на крај се заврши со 30:23.Најефикасни во Еурофарм Работник беа Maџовски со пет и Вегар и Стјепановиќ со по четири гола, а Митревски, Кукоски и Ратајац кои не настапија.Првата средба од СЕХА лигата ќе се игра в среда од 20:45 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ против екипата на Спартак Москва од Русија.