Press "Enter" to skip to content

Коцкаро ја “почеша крастата“, со “пежо 106“ на заем, втор во Крушево (фотогалерија)

Битола пред повеќе од 20 години имаше два-три авто-мото клубови кои ги имаа најдобрите возачи кои се појавуваа на ридско-брзнските трки во домашниот Шампионат, а битолските љубители на овој спорт ги паметат Коцкаро, Орце, Владе…Но, оттогаш клубовите згаснаа, “фризираните“, прво “фича“ а потоа и “југо“, не го испуштаа препознатливиот глас, останаа да рѓосуваат во некои гаражи, а овој спорт не посто(и)еше во Битола.Ги немаше битолчани на патеките на Галичица, кај Крушево, Водно…, а за на патеките низ Балканот, каде продолчи да “живее“ овој спорт да не зборуваме.Еден од таа генерација на возачи, нашиот сограѓанин, Љупчо Илиевски-Коцкаро деновиве се впушти во авантура да ја вози трката “Крушево 2019“, од Острилци до Крушево, од Шампионатот на Македонија.-Некои работи не можат да се заборават и не се можи без нив, а посебно кога низ “крвта ќе помине безнин“. Се решив на овој потег за да пробам, а знам дека не може, да вратам едно време пред 20 години. Ја возев трката “Крушево“ од Шамшионатот на Македонија до 1.400 кубни сантиметри. Бев најстар возач на патеката, возев со позајмено “пежо 106“, беа никаков тренинг, после 20 години, а го освоив второто место, вели Коцкаро, горд на својот нов спортски успех.Мора да се напомене дека Љупчо Илиевски по 20 години е единствен битолчанец кој се појавил на авто-мото патеките.Да се надеваме дека тој ќе биде повод и мотивација, некои нови љубители на автомобилскиот спорт, со “бензин во крвта“ за брзо да ги видиме на риско-брзинскит трки.

С.Ристевски