Press "Enter" to skip to content

Фото вест: за еден ден завршено асфалтирањето на паркингот кај “Јавор“

-До денес не верував дека може и кај нас да се заврши се за 30-тина сати, да се искорне стариот асфалт и да се постави нов асфалт, како тука на паркингот кај “Јавор“. Ќе умрев и немаше да верувам дека и ние ако сакаме можеме да работиме, а зошто не сакаме е друг проблем, си коментираше еден возрасен битолчанец, повеќе ние да го слушнеме кои бевме вчера попладне на паркингот.

И навистина се случи тоа, во петокот во 9 часот екипите на градежната компанија “Илозација“ започнаа со отстранувањето на стариот асгфалт, кој беше се, само асфалт не, и веќе вчера до 16 часот го асфалтираа паркингот, тротоарите околу него и закрпија некоја дупка, плус.

Денес ќе се обележува паркингот, а утре ќе биде отворен за паркирање, а бидејќи е наработен дел, битолчани ќе паркираат гратис на новиот асфалт.