Press "Enter" to skip to content

Фото вест: 77 години од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски

Пред споменикот на Стив Наумов, кај Офицерскиот дом во Битола, со положување на свежо цвеќе, беше одбележана 77 годишнината од смртта на народниот херој Стеван Наумов Стив, кој заедно со народниот херој Мите Богоевски загинаа за време на Втората светска војна, во борба со бугарската полиција.На 12 септември 1942 година, кај местото Болно, Ресенско, Стив Наумов и Мите Богоевски, го завршиле својот живот, а се уште не им се знаат гробовите.Во чест на загинатите, свежо цвеќе во име на градоначалникот, положи советникот Влатко Шеровски, делегација од Советот на Општина Битола, делегација од Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, како и членови на семејството на загинатиот Стеван Наумов Стив.

More from ВестиMore posts in Вести »