Пред споменикот на Стив Наумов, кај Офицерскиот дом во Битола, со положување на свежо цвеќе, беше одбележана 77 годишнината од смртта на народниот херој Стеван Наумов Стив, кој заедно со народниот херој Мите Богоевски загинаа за време на Втората светска војна, во борба со бугарската полиција.
На 12 септември 1942 година, кај местото Болно, Ресенско, Стив Наумов и Мите Богоевски, го завршиле својот живот, а се уште не им се знаат гробовите.
Во чест на загинатите, свежо цвеќе во име на градоначалникот, положи советникот Влатко Шеровски, делегација од Советот на Општина Битола, делегација од Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, како и членови на семејството на загинатиот Стеван Наумов Стив.

Фото вест: 77 години од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар
- РЕК “Битола“ активен учесник на годинешната меѓународна конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ во организација на ЗЕМАК
- Битола живееше со науката на Европската ноќ на истражувачи 2026 (мега фотогалерија)





