Press "Enter" to skip to content

Прво родител, потоа тренер, зошто ги запишав моите деца на спорт?

 

Моите деца, ги однесов и  тргнаа на тренинг од мали нозе, не за да станат спортисти. Но, не и за да не се тоа, бидејќи времето и изборот е пред нив.

Впрочем јас не знам дали мојот син и мојата ќерка ќе бидат спортисти, а уште помалку дали тие ќе бидат успешни или ќе бидат ѕвезди. И не сакам да се изморам со беспотребни прашања на кои нереално е да барам одговори.

Не можите да барате одговор какви ќе бидат вашите деца. Не можите да барате да дознаете дали и какви спортисти ќе бидат. Тоа е исто, како од некој наставник или професор да побарате мислење дали вашето дете кое има 8 години, ќе биди научник или доктор. Не, навистина тоа е непотребно.

Она што ние како родители кои сме одлучиле нашето дете да спортува некој спорт, сме должни и треба да го правиме, е да се грижиме за децата да имаат целосна и безрезервна поддршка во тоа што го работат и сакаат.

Нашите деца да бидат навреме на тренинг, да бидат редовни и пред се деца кои ќе негуваат еден исправен начин на живот, заради кој ќе бидат здрави, силни и емоционално исполнети. Не сонувајте медали и пехари кога тие имаат 7 или 8 години.
Вистинските вредности и успеси се кријат во сосема други нешта кои не се ниту од злато ниту од сребро.

Надвор од улицата од дрогата и алкохолот, настрана од анксиозност и неисполнетост во слободното време, деца со мотив и со цел во својот живот, со сопствен став, карактер и без високо его, деца со висок степен на социјализација, израснати во колектив каде истиот е над секој еден.

Ете такви сакам да се моите деца. Да препознаваат вистински вредности. Да им понудиме праведност и правичност, но и можност да се борат против сите неправди и истите да научат како да ги надминат и поднесат, зошто не секогаш во нашите животи се  сјано и праведно.

Ете такви сакам да се моите деца. Воспитани, потковани и насочени. А дали тие ќе успеат или не, не зависи само од нас родителите, ниту пак само од тренерите. Многу фактори се во прашање. Како физички, така и интелектуални. Сепак успехот се крие во заедничкото делување на сите погоре наведени.

Нити тренерите се магионичари. Нити нашите децата се со посебни вредности и дарби и како на никој друг. Нити ние сме најсовршени родители. Се останато е само голема жртва и непрестајна работа.

Не заборавајте, спортот пред се е измислен за забава.

Mission News Theme by Compete Themes.