Изминатата седмица се затвори 40. издание на интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, а јас малку ќе се задржам на 30. издание на овој фестивал, пред 10 години, започна со своите сеќавања, Димче Миновски.
-Јас, како дел од првите изданија на фестивалот, сум бил присутен на најголем број од нив, но сега сакам да потсетам на јубилејното 30. издание на фестивалот, низ неколку реда, за кои морам да признаам дека не се комплетно мои белешки, туку ги обезбедив од други извори, како и фотографиите, вели Миновски, доајен на битолското новинарство.
Со осумдесет филмови, дваесет кусометражни од македонската кинематографија, тркалезни маси, музички матинеа, многу познати имиња од светската кинeмaтографија и овојпат само во Битола, од 26 септември до 3 октомври беше одржан триесетиот јубилеен интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Славната шпанска актерка, Викторија Абрил, на отворање на фестивалот „Браќа Манаки“, со песна го честита 30. јубилеј. Абрил беше добитничка на “Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската уметност.
Златна камера 300 за животно дело добија британските кинематографи Били Вилијамс и Питер Сушитски.
-Како реков, немам некои посебни белешки, но низ фотографиите од 2009 години, направени на отворањето, затворањето, или други настани, секој може да се потсети на овој “Браќа Манаки“, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: од 26 септември со 3 октомври, 30. издание на “Браќа Манаки“ (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- Дновиве пред 10 години: “Крани“ во 2016 кога со него стопанисуваше “Капри“ од Битола (фотогалерии)
- Деновиве пред 10 години:“Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба на уште една фабрика (фото)




