Press "Enter" to skip to content

И втор кошаркар од Охрид во КК Пелистер, Игор Пенов

Кошаркарскиот клуб Пелистер донесе уште едно (не)планирано засилување во своите редови по распадот на Охрид. Игор Пенов е новиот кошаркар  на Пелистер, само неколку дена по доаѓањето на Мекиќ, исто така од Охрид.

Искусниот кошаркар Пенов е некогашен кошаркар на Карпош Соколи и МЗТ Скопје, беше во тимот на Охрид, но сега заврши во Пелистер, како ново засилување, заедно со кошаркарите кои дојдоа во Битола.

Вака екипиран Пелистер сигурно нема да биде незалежителен во настапите дома и во гости и ќе се обиде да стигне до место во Супер лигата, по десетина посни години.