Press "Enter" to skip to content

Наскоро “Гласна куќа“, прва серија за тинејџери, во режија на Весна  Петрушевска

“Гласна куќа“ прва  тинејџерска ситком серија во нашата држава, со 10 епизоди, а ќе се емитува на националната телевизија “ТВ 24“ од крајот на октомври. Новата серија со актуелни теми кои ги засегаат тинејџерите  и нивните односи со околината врсниците, родителите. Секоја епизода со интересен наслов и  едукативен карактер, преку пораките кои сериалот ќе ги испраќа и тоа:  повторно да ги  засакаат книгата,, отргнување на децата од компјутерите и отстранување на децата од улиците, но не во поглед на нивната детска игра, туку од опасностите кои ги демнеат. Со тоа и новите идоли на тинејџерите во ликовите од серијата со кои и би требало да се идентификуваат.КМК“ продукција заедно со актерската школа на Весна Петрушевска “Бејби Шоу“,  поддржани од  Mинистерството за култура се заслужни за реализацијата на оваа прва тинејџерска ситком серија во нашата држава.

Низ разговорот тие ни кажаа: сакаме да создадеме и простор во етерот кој ќе биде посветен на најмладите и ќе ги отргне од досегашната понуда која не е специјализирана за нивните години. Проектот ќе придонесе за намалување на разликите на сите основи и кршење на табуата помеѓу младите и нивните родители.Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на Весна Петрушевска која е и режисер на истата со актуелни теми. Преку овој проект младите ќе имаат можност да ги покажат своите знаења кои ги стекнале преку предавањата во школата.

Преку ликовите во серијата актерите ќе имаат можност да бидат гласот на младите кога станува збор за образованието, љубовта, родителите, тинејџерски проблеми, како и за нивните потреби, желби, стравови. Серијата ќе биде модерна и ќе покаже дека нашите тинејџери се исти како оние од Милано, Париз, Њу Јорк.Оттука и насловите  за епизодите кои ќе траат помеќу 32 и 35 минути, со вклучени два рекламни блока. Ќе наведеме  некои  наслови за да ги заитригираме идните гледачи тинејџерите, родителите : Близнаци, Симпатија, Батерија Еко, Професија, Пријатели…

Своето учество како спонзори на серијата до сега имаат потврдено Министерство за култура, Пакомак, Алкалид АД Скопје, Витаминка,  Отпад, Добра Вода, Факултети.мк, Радио бубамара, Гет Кафе, Фешн Груп, Форма Нова, Инфинито и Диги Принт.

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »