Press "Enter" to skip to content

Анѓушев и Ковачевски во РЕК, Филипче во болницата, Наумовска во “Гоце Делчев“, Спасовски на Меџитлија…

Владата денеска ја одржува својата 159 седница во Битола, која ќе биде прва од низата кои во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, а пред седницата министрите кои беа во Битола ги посетија установите и компаниите за кои надлежни заедно со градоначалничката Наташа Петровска и надлежните раководители.Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заменикот министер за животна средина и просторно планирање м-р Јани Макрадули, директорот на ЕСМ м-р Васко Ковачевски го посетија РЕК “Битола“, каде остварија средба со менаџментот на енергетскиот капацитет, при што разговараа за актуелните состојби во комбинатот, како и за ново најавената мерка за замена на грејни тела со инвертор клими, која ќе се реализира со финансиски средства од заштедите на ЕСМ.

 

Вицепремиерот Анѓушев подвлече дека во изминатите две и пол години се направени значајни реформи во енергетскиот сектор, РЕК “Битола“ ги натфрли предвидувањата
за производство на електрична енергија за 15%,  цената за произведен киловат час електрична енергија е пониска за над 10% од очекуваната и изнесува 2,35 денари за киловат час, а РЕК Битола има заштеда од околу 10 милиони евра.

Заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. изјави дека околу 2500 домаќинства во Битола ќе бидат во можност да ја искористат мерката за субвенционирање на набавка на инвертор клими, со што значително ќе се придонесе на намалување на загадувањето.Генералниот директор на ЕСМ, Ковачевски, нагласи дека компанијата сериозно е вклучена во оваа акција на Владата. ЕСМ преку акумулираните заштеди ги намени 10-те милиони евра потребни за финансирање на инверторите, таа одлука веќе помина на Управниот одбор на компанијата, наскоро треба да помине и на Надзорниот одбор и со тоа буџетот е и формално – правно обезбеден. Истовремено подготвуваме информативна акција или кампања во јавните гласила.

Министерот за здравство Венко Филипче, ја посети Клинилката болница и разговараше со директорот Зоран Лазаров со менаџерскиот тим.-Во Клиничката болница во Битола се реализирани 134 вработувања, а на 13 ангажирани со договор на дело следува постапка на трансформација на нивниот работен однос. За четиригодишниот период одобрени се вкупно 931 специјализација. Покрај грижата за здравствените работници, во оваа болница подобрени се и условите за престој во болница. Во тек е ставање во функција на акцелераторот за терапија на малигни заболувања, истакна министерот Филипче.-Реновирани се болничките соби и амбулантскиот простор во Службата за дерматовенерологија, како реновираната лекарска соба, преадаптирана и реновирана втора амбуланта во Службата за неврологија за ЕМГ и ЕЕГ дијагностика. Ставена е во употреба и болничка соба за хоспитализирани пациенти со рани (varices crusis). Во тек е темелна реконструкција на санитарниот чвор, бањата и дневната болница во службата за педијатрија, потенцираше директорот Лазаров.Задоволен од условите во кои учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“-Битола учат и работат е министерот за образование Арбер Адеми, при  посета на  училиштето откако денеска  пристигна донацијата од Владата. Новиот училишен  инвентар се состои од 80 клупи, 160 столчиња, 8 четирикрилни шкафови, 8 табли и 8 катедри. Просветните работници  единствено побараа од  МОН да ја помогне финансиски санацијата  на кровот во дел од зградите.-Битола останува град за кој сум емоционално поврзана , посебно за училиштето „Гоце Делчев“ каде ги стекнав првите знаења. Се надевам дека министерот виде и повторно ќе доаѓа во Битола. Сите училишта ги затекнавме како блокирани и со помош на Владата и Општина Битола ги одблокиравме и сега одиме напред кон развој , реконструкција, опремување и овозможување подобри услови за работа на нашите ученици, рече Наумовска. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ги посети учениците од битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ кои го реализираат проектот „Направи робот“.  Настанот е во рамки на Неделата на кодирање – Code Week, а е во организација на „Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење“.-Во рамки на овој проект, секоја година се приклучуваат се поголем број на училишта и ученици, а и Северна Македонија го следи тој тренд. Тоа значи дека младите тука знаат дека иднината е во информатичкото општество, во иновативноста и во постојаното истражување и откривање нешто ново – истакна во обраќањето пред учениците, министерот Дамјан Манчевски.Увид денеска извршија заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Изградбата на пречистителната станица финансиски е помогната со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање, буџетот на Општина Битола со над 15.000.000 денари, УНДП со над 9.000.000 денари.Градоначалничката на Општина Битола Петровска истакна дека овој проект не само што ќе придонесе за заштита на животната средина, туку и ќе го придвижи развојот на туризмот во најстариот Национален парк во државава.Претставници на Министерството за внатрешни работи и на Општина Битола заеднички ќе изработат нови сообраќајни решенија за подобрување на сообраќајот на неколку локации во градот, со цел да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и битослката градоначалничка Наташа Петровска, што се одржа во Битола.Министерот Спасовски денеска го посетил и граничниот премин Меџитлија, каде со раководството на полициската станица разговарал за тековното работење во делот на граничната контрола и надзор, но и во делот на справувањето со обидите за илегално преминување на јужната граница.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов во придружба на градоначалниците од Пелагонија извршија увид  на градежните активности на патот Прилеп -Тополчани-Битола.  Министерот најави дека се работи на проектирање на експресен пат од Битола до Меџитлија, а постоечкиот пат ќе биде саниран.