Press "Enter" to skip to content

Денес 44. седница на Советот на општина Битола

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес во 10 часот, ја презакажа 44. седница на Советот на Општината Битола, а на неа ќе се расправа за донесување на одлуки за Буџетот на опптината, заштита на амбиенталниот воздух, градежното земјиште, осветлувањето, лизгалиштето…

44. седница е закажана со следниот дневен ред:

1.Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на
Општина Битола за 2019 г.

2. Одлука за преземање на краткорочни мерки за заштита на животната средина и
подобрување на амбиенталниот воздух во општина Битола

3. Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното
земјиште на подрачјето на Општина Битола за 2019г.

4. Програма за измена и дополнување на Програмата за користење и одржување
на јавното осветлување на подрачјето на општина Битола за 2019г.

5. Програма за измена и дополнување на Програмата за урбана опрема на град
Битола со нова локација за лизгалиште

6. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој за 2019г.

7. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на
Одлуката за утврдување на цени на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта во
Општина Битола

8. Информација за пожарите на подрачјето на општина Битола за 2019 г.

More from ВестиMore posts in Вести »