Да се сретнат двајцата најстари, битолски интелектуалци, едниот 100, а другиот близу 95 години, како уживаат на сонцето во Градскиот парк на клупа, а да не се искористи тоа да се фотографираат ќе беше грев.
Кочо Нича (99) и Нико Попо Никола (94) се најстарите битолски интелектуалци кои дале многу за Битола. Нича како лекар специјалист хирург во битолската болница, а Поп Никола како инжинер, доктор на науки, а бил и директор на Националниот парк Пелистер.
Двајцата дале и голем придонес за Влашката заедница, а посебно Нико Поп Никола која напишал и повеќе книги за Власите во Битола, а долги години бил на чело на Комуната на Власите.
И Кочо и Нико во својот долг работен век и во животот имаат многу сработено, а затоа пак сега како пензионери имаат прилика да се потсетат на сртаботеното, да се прикажауваа за некои, подалечни времиња.






