Press "Enter" to skip to content

Празнична изложба на книги посветени на 23 Октомври во библиотеката

Како и за други државни празници, деновиве, НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ организира празнична изложба на книги посветени на 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, која е поместена во холот на библиотеката.

Изложени се книги од различни автори инспирирани од периодот кога на 23 октомври 1893 година, во Солун, беше основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) и која подоцна станува македонско национално движење со крајна цел, автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Читателите и членовите на Библиотеката во Битола може да прочитаат и да се потсетат на основачите на организацијта, односно Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, но и за други историски моменти од тој период како што се организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

More from КултураMore posts in Култура »