Синоќа во кафе-клубот “Порта џез“ беше промовирана книгата “Маалски приказни“ на новинарот и писател Синиша Станковиќ, а промотивниот настан беше едно носталгично патување низ старите добри времиња.
Синиша Станковиќ за време на промоцијата прераскажа мал број на случувања, анегдоти, сеќавања од маалскиот живот, кој тој како дете го поминал, зборувајќи со емоции за тие добри стари времиња. Станковиќ се задржа на маалската хиерархија, за почитувањето на постарите маалски легенди, за играњето кошарка на импровизираните кошеви во маалото…
Промотор и водич во носталгичното патување беше Дуле Груевски, а за музиката „во живо“ на промоцијата беа задолжени професорот Александар Талевски и Бојан Ивановски со своите гитари, кои на крајот и запеаја.
Покрај маалските муабети имаше презентација на фотографиите објавени во книгата, чии автори се деветтемина познати македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Боро Грдановски, Томислав Георгиев, Наке Батев, Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ и Маја Златевска.

Промовирани “Маалски приказни“ на Синиша Станковиќ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





