Press "Enter" to skip to content

Со изложбата “Книги: историја, иднина“ на МНД-Битола, започна празнувањето на 4-ти Ноември (фотогалерија)

На свеченоста во фоајето на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола, претседателот на МНД-Битола, професор д-р Марјан Танушевски истакна дека на изложбата изложени се над 400 книги чиј издавач е МНД-Битола или поранешно ДНУ-Битола.1-ви Ноември има голема симболика. Почнува месецот на науката, денес почнува серијалот активности на МНД-Битола во пресрет на големиот јубилеј – 60 години од денот на формирањето на Друштвото, и токму со изложбата „Книги: историја, иднина“ почнуваат свеченостите посветени на празникот на градот, рече д-р Танушевски и за изложбата додаде:На изложбата изложени се над 400 книги чиј издавач е МНД-Битола, поранешно ДНУ-Битола. Изложени се ретки изданија, односно првиот број на списанието „Прилози“ од 1960 година и првата книга од почетоците со работа на Друштвото, а пригодно за празникот на јавноста и го нудиме посебното издание „Прилози“ посветено на командантот на Главниот Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, академик Михаило Апостолски, инаку почесен член на МНД-Битола. Изложбата ќе биде отворена 10 дена до кога битолчани ќе може да ги погледнат, да се потсетат и да се мотивираат да прочитаат дел од изложените книги кои сведочат за нашата историја и посочуваат на иднина.Изложбата ја отвори градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.-Нема ништо помоќно од пишуваниот збор, збор кој остава голем траг на тоа што се случувало во минатото, а може да користи на идните генерации, и затоа 75-то одбележување на Денот на ослободувањето на Битола го почнуваме со изложбата на МНД-Битола. Искажувам голема благодарност до научното друштво и до библиотеката што ги чуваат овие дела.На празничниот настан, Весна Мундишевска Велјановска, главен и одговорен уредник на списанието „Современи дијалози“ го промовираше најновиот број кој содржи авторски трудови на 50-ина македонски и 30-на писатели од странство.На свеченото отворање присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски, директорот на НУ УБ „Св.Климент Охридски“-Битола, Бојан Стефановски, проректорот на УКЛО-Битола, д-р Игор Неделковски, почесниот француски конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ, деканот на Педагошкиот факултет-Битола, д-р Добри Петровски, претставници на академската заедница и на јавниот живот на градот.

More from КултураMore posts in Култура »