Press "Enter" to skip to content

50. јубилејна изложба на колонијата “Де Ниро“ вечерва ќе се отвори во Скопје

Денес, вторник, 5 ноември, со почеток во 20 часот ќе биде отворена 50-тата јубилејна изложба со наслов “Странски автори на Меѓународната ликовна колонија Де Ниро“ во Културно информативниот центар во Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени 30 уметнички дела на 30 автори-учесници на Колонијата од 20 земји надвор од нашата земја.

Меѓународната ликовна колонија “ДЕ НИРО“ е основана во 2005 година. Во текот на своето 15-годишно постоење имаат учествувано околу 200 уметници, создадени се преку 500 уметнички дела.

Колонијата досега има поставено 49 изложби.

More from КултураMore posts in Култура »