Press "Enter" to skip to content

Владимир Симоновски, добитиник на Ноемвриската награда на ДЛУБ (фото)

По повод празникот на Битола, 4. Ноември, во “Магаза“ во организација на Друшвото на ликовни уметници на Битола (ДЛУБ) беше поставена изложба на битолски уметници, а беше доделена  и традиционалната годишна награда.Претседателката на ДЛУБ, претседател на ДЛУБ, Елена Ѓорѓиевска, на отворањето на изложбата рече дека на изложба се поставени дела на најголем број на битолските уметници, односно учествувале 16 автори. Добитник на Ноемвриска награда по предлог на Комисија за Ноемвриска награда на историчари за современа уметност Лилјана Христова и Владимир Ѓорески е битолскиот уметник, Владимир Симоновски.Симоноски на изложбата по добивањето на наградата рече дека му е чест за номирањето и добивањето на оваа награда и дека ја посветува на негов прерано починат пријател.

Изложбата на отвори Методија Илиевски, советник во Советот на Општина Битола, кој рече дека Општина Битола и Советот на општината и во иднина ќе ги поддржуваат активностите не ДЛУБ.На изложбата се претставија следните автори: Владимир Симоновски, Роберт Михајловски, Ленче Крстевска Јагоридовска, Марија Велевска Анастасовска, Оливера Лазаревска Оља, Панде Петровски, Сандра Котевска, Мирјана Бубевска
Љубица Мешкова Солак, Анкица Стевановска, Димитри Балојани , Маја Ковачевска, Златко Крстевски, Валентина Илијовска, Александар Поповски и Елена Ѓорѓиевска.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »