Press "Enter" to skip to content

Изложбата на колонијата “Де Ниро“ предизвика голем интерес во Скопје (фотогалерија)

Пред голем број на љубители на ликовната уметност во Скопје, во Културно информативниот центар, беше отворена јубилејната 50. по ред изложба на битолската ликовна колонијата “Де Ниро“. На отворањето на изложбата, најпрво гостите и дел од авторите ги поздрави организаторот на ликовната колонија “Де Ниро“, Драги Филевски, а за изложбата зборуваа координаторот на колинијата и претседател на Уметничкиот совет, уметникот Панде Петровски и членот на Уметничкиот совет, Владо Георгиевски.Во има домаќините на изложбата, Културно информативниот центар, гостите ги поздрави, ликовниот уметник, Сергеј Андреевски.Филевски на отворањето рече дека се радува дека на оваа изложба се претставени 30 уметнички дела на 30 автори-учесници на Колонијата од 20 земји надвор од нашата земја и дека оваа изложба предизвика големо внимание кај љубителите на оваа уметност во Скопје.Петровски додаде дека по поставувањето на оваа изложба на странски автори, веќе се подготвува изложба на македонски автори, кои твореле на ликовната изложба “Де Ниро“, а дополнително со организаторите на оваа изложба, Културно информативниот центар во Скопје, ќе биде утврден.Инаку, да се потсетиме дка оваа отворена изложба со наслов “Странски автори на Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“ е  50. по ред  јубилејна изложба., меѓународната ликовна колонија е основана во 2005 година.Во текот на своето 15-годишно постоење имаат учествувано околу 200 уметници, создадени се преку 500 уметнички дела.

More from КултураMore posts in Култура »