Press "Enter" to skip to content

Книжевено-сценски, музички и изложбен перформанс “Поетски хоризонти“ (фото)

Во Битола, Демир Хисар и Струга деновиве се реализира книжевено-сценски, музички и изложбен перформанс “Поетски хоризонти“  во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, во рамките на “Новиот културен бран“ на Министерството за култура.

Во рамките на овој проект, централен настан беше промоцијата на книгата кратки раскази 3Утро во Франкфурт“ од Мирјана Стојановска. Книгата претставува заокружена патеписна целина на  кратки раскази поврзани со престојот на писателката Мирјана Стојановска на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт. Книгата беше промовира во форма на интервју со писателката, а расказите сценски ги изведоа актерките од алтернативниот театар од Битола- Ана Жежовска и Симеона Павловска.

Музичката изведба беше на познатиот солист Драган Микаровски. Исто така, во рамките на овој настан беше поместена изложба на ракотворби, везови и резби.

Во среда на 13 ноември, “Поетски хоризонти“ ќе се реализира во Градската Библиотека во Прилеп со почеток од 14 часот.

Ж.Р.

More from КултураMore posts in Култура »