Битолчанецот Беким Мемеди е еден од неколкумината наши сограѓани кои се наоѓаат на раководни функции во врвот на извршната власт, од пред три месеци е генерален директор на јавното претријатие “Македонија пат“.
Иако на ова раководно место е мошне кратко време може да се пофали со многу завршена работа, скромниот Мемеди тоа ретко го прави, но во Битола, за време не викендите кога редовно се враќа дома, го направивме разгвоворт при што ни рече:
-На местото директор на ЈП “Македонија“ сум три месеци и можам да кажам дека само јас и Васко Ковачевски кој е директорт на ЕСМ, сме двајцата битолчани кои сме на раководни места на две големи државни компании кои се многу значајни за државата. За мене ова назначување пред се е голема чест и голема одговорност на компанијата која ги одржува и заштитува регионалните и магистралнита патишта низ државата. Во овие три месеци колку што сум директор имаме асфалтирано 80 километри патна мрежа и продолжуваме со истото темпо и понатаму.
За проектите во Битола и Пелагонискиот регион, директорот Беким Мемеди вели:
-Битола, односно проектите кои се однесуваат на Битола и Пелагонискиот регион се наоѓаат на врвот на агендата на јавното претријатие “Македонија пат“ бидејќи не дека јас сум битолчанец, туку ова регион кој е значаен за државата. Дека ова што го кажав не се само празни зборови ќе кажам што е се сработено за овие три месеци во овој регион. Асфалтиран е прво регионалниот пат од село Бистрица до село Драгош во должина од 6 километри во вредност околу 25 милиони денари. Друг пат кој е асфалтиран е регионалниот пат од Битола до село Братиндол во должина од 3 километри во вредност од 15 милиони денари. Тука е асфалтирањето на влезот во Битола од страната на Прилеп. Кога зборуваме за овој регион морам да се напомене дека по којзнае колку време и ветувања во Мариовскиот крај е целосно асфалтиран регионалниот пат од село Рапеш до село Старавина во должина од 9 километри во вредност од 25 милиони денари, пат кој е многу значаен за овој регион и кој ги израдува сите жители на Мариовскиот регион. Тука можам да го споменам и патот од село Скочивир до село Гермијан во должина од 3,5 километри кој е асфалтиран и има вредност од 10 милиони денари. Овие инестиции во Битолскиот регион имаат големо значење за руралните средини, Братиндол, Бистрица, за полесен живот на жителите од овие места и секако придонес кон она што сите се трудиме да се спречи иселувањето, прво од селата од потоа и од државата.
За она што се работи во Пелагонискиот регион, Мемеди вели:
-Како и претходно реков напоредно се работи и во Пелагонискиот регион, како асфалтирање на патот од Кривогаштани до село Бучин во должина од 10 километри и во вредност од 10 милиони денари. Тука е и патот од село Долнени до Велес, што ќе значи и скратување на патот во должина од 30 километри, кој е поголема инвестиција во вредност од 50 милиони денари и една од поголемите инвестиции, а таму е извршени и комплетно пробивање на патот низ планината, тампинирање и асфалтирање. Асфалтирано е 6,4 километри, а останува да се доработат уште околу 4 километри, за комплетно спојување со Велес.
Посветеноста на Беким Мемеди, да се вложува во овој регион, како вели, ќе продолжи и понатаму, а најавува и два нови проекти.
-За идната година, на пролет, најавувам два проекти кои се во завршна фаза. Тоа е влезот во Битола од Ресен, односно од бензинската пумпа “Лук Оил“ и комплетна санација и асфалтирање на стариот пат Кажани – Доленци – Лера. Сега исто така се работи на идејниот проект за патот Битола- граничен премин Меџитлија кој ќе биде готов за околу еден месец и ќе продолжи со тендерирањето за овој проект, како и за експресниот пат Битола – Прилеп. Инаку на патот кој сега се користи од Битола до грчката граница во март ќе се постави нов асфалт, односно ќе се изврши комплетно асфалтирање.
Беким Мемеди помага и на битолчани и на битолските институции, а иако не сака многу за тоа а зборува, ние би споменале дека за дел од асфалтирањето во кругот на битолската болница е заслужен, а вели дека кога е можност тоа го прави, а кабинетот во Скопје е секогаш отворен за битолчани, а како вели повеќе е на терен отколку во кабинет, што за него е поголем предизвик. За ваквата негова посветеност во работата, Мемеди премиерот Заев јавно го истакнал како еден од подобрите директори на јавните државни компании.
Мемеди на местото генерален директор на ЈП “Македонија пат“ дојде е местото директот на подрачната единица на ова претријатие од Битола, каде работи повеќе од десетина години.
С. Ристески






